Macedonian text: Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествува на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржува во Марибор, Република Словенија. На средбата годинава главни теми на конференцијата се активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во Фондовите и заводите за пензиско и инвалидско осигурување, како и употребата на вештачката интелигенција во дигиталната трансформација на овие институции. На средбата беа презентирани измените на законите за ПИО во изминатата година, при што директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов, рече дека измените што се презентираат генерално се однесуваат во делот на остварувањето
Topics: #director #penezi #fund