Macedonian text: Полициска акција низ целата држава, зад волан малолетници и пијани возачи, а се вози и без дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 23 возачи за безобѕирно управавање возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи. Објавено на 10.06.2026 17:26 часот Сподели Сподели Facebook Twitter WhatsApp Email Принт Viber „Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаит
Topics: #car #police #action